Нека служи како потсетник дека треба да користиме производ за ексфолијација, и дека треба и да се најде вистинскиот ако ти е кожата премногу чувствителна. За маските околу очи некако нема да се кладиме дека се баш секојдневна работа, ама па кремот за околу очи барем ќе се надеваме дека е секој ден.
Патем, на тема крем за околу очи се води една расправа веќе некое време - колку е корисна (и зошто не), па додека сме тука, распрашајте се по дерматолози и инвестирајте во крем со УВ фактор, затоа што инаку излегува дека тоа што се продава е обичен крем, со малку погуста текстура (види тука).
Назад на Урсула, од рутината за нега, преминува на шминка, каде што се гледа дека е поспремна, ама два прајмери некако… Ај добро.
И на некои работи се воодушевува како прв пат. Ама така и обично бива со одлична маскара.
Крајниот резултат е одличен за преку ден. Вреди за букмарк.