Едно време, сè што требаше да направиме после миење лице е да ставиме крема и толку. Денес, типичната рутина се состои од неколку креми, серуми, маски, тонери и секакви други работи на кои што паѓаме секојдневно заради одличен маркетинг. Меѓу сите чекори, наводно важен чекор е кремата за околу очи, а сè повеќе и повеќе професионалци тврдат дека тоа е глупост - и измама која лови луѓе кои не се разбираат доволно во тоа како се формулираат овие производи.
Кремата за околу очи е обична крема за лице во помало пакување
Д-р Макрен Алексијадес, професор на Јејл и директор на центар за дерматологија и ласерска хирургија во Њујорк вели дека не постои реална причина да користиш посебен производ затоа што истите состојки ти требаат.
„Еве што не ми е јасно околу логиката за нанесување погуста крема,” објаснува д-р Алексијадес. „Состојките потребни за зајакнување на кожата немаат никаква врска со густината на смесата во која се наоѓаат. Погуста крема дава лажно чувство на сигурност затоа што ја покрива површината на кожата. Ако си кожен патолог и земеш парче кожа од кај окото и го споредиш со парче од некаде подолу, на пример од образ, не можеш да забележиш разлика.”
Всушност, единственото на кое треба да се внимава е дали кремата содржи заштитен фактор.
Логиката на луѓето со кои се расправаат докторите е дека ако кожата таму е потенка, тогаш мора да е поподложна на оштетување од сонце - а сепак, кремите за околу очи немаат заштитен фактор.
Ако на амбалажата пишува дека елиминира брчки - лаже
По закон, козметичките производи не смеат да тврдат дека ја менуваат кожата. На пример, не смеат да тврдат дека бришат брчки, туку само дека го менуваат изгледот на брчките, што секако го прават, особено производите што содржат хијалурон, бидејќи ја привлекуваат водата и даваат поизмазнет изглед. И тоа трае додека не помине ефектот на производот. Според закон, доколку производот тврди дека прави промени на кожата, тогаш е лек, а ако е лек мора да добие одобрување од агенција за храна и лекови.
Значи, ако кремот за околу очи е scam, тогаш што треба да ставаме?
Ако прашаш дерматолог, ќе ти рече: купи си добра крема за лице и толку.