Мрачното потекло на приказната за „Снежана“

Да, добро, знаеме дека во оригиналот ја убиваат маќеата на крај како казна, дека не е само јаболкото, туку уште два обиди за убиство, можеби дури и знаеме дека отровот не излегува со бакнеж туку со сопнување. Ама, знаеме ли дека во приказната се вткаени цели важни слоеви од тогашното општество и зачувани како во архива од едно одвратно, безмилосно време?

Љубоморната маќеа, волшебното огледало, седумте џуџиња, отровното јаболко - ништо од ова не е така како што изгледа. Приказната што ни ја раскажале како деца е измазнета, прочистена и безопасна. Оригиналната верзија не била за забавување, туку за предупредување за опасност и толку реална и страшна што современиците не смееле да зборуваат директно за неа.

Во првата верзија на Браќата Грим, жената што наредува да се убие Снежана не била маќеа - била вистинската мајка, што плус наредува да ѝ се извадат белите дробови и црниот дроб на седумгодишната ќерка. Потоа ги готви во сол и ги јаде, мислејќи дека впива дел од животната есенција на своето дете (тоа време навистина се сметало тоа за успешен начин да ги преземеш карактеристиките на жртвата). Браќата Грим подоцна ја „измазниле“ приказната - мајката станала маќеа, за да звучи поумерено. Но вистината е јасна: ова е приказна за филицид и за реални опасности што ги демнеле младите девојки во нивните домови.

Средновековната публика тоа го разбирала веднаш, затоа што во германските благороднички семејства убавината на девојката можела да ја промени рамнотежата на моќта. Ако ќерката била попривлечна од мајката, тоа било закана за нејзината позиција. Во случајот со Маргарета фон Валдек од 16-ти век, девојката на 13 години почнала да слабее мистериозно веднаш по свршувачката со моќен војвода. Белешките на дворските лекари упатуваат на можно труење со жива - што е сомнително, кога ќе се земе предвид дека според тогашните закони, мајката го наследувала миразот и правото да преговара за нов брачен сојуз.

Огледалото во приказната не е ставено за да биде магично, туку како симбол - во средновековните домови тоа било статусен симбол, скапоцен и поврзан со моќ, а тука, кога огледалото кажува дека Снежана е најубава, тоа не е комплимент, туку е смртна пресуда.

Седумте џуџиња не биле магични суштества, туку најексплоатираните деца на општеството. Штом полнеле седум години, децата почнувале да работат по рудници, цврсто стиснати во тесни тунели, со белите дробови полни со прашина. Не успевале ни да се развијат правилно, од неухранетост и скичменост. Во тоа време, женските деца што не можеле да останат дома, се вклучувале во овие рударски заедници и нуделе домашни работи во замена за заштита и преживување. Децата спиеле по неколку во мали бараки длабоко во шумите - звучи познато? 

Трите обиди за убиство од мајката - тесно врзување на градите со појас, отровниот чешел, и отровното јаболко - се класичен модел на предаторско однесување. Јаболкото било до половина отруено, создадена за да обезбеди алиби. Во средновековна Германија постоела практика наречена „Овошја на Јуда“ - овошје делумно натопено со отров, кој делувал доволно бавно за убиецот да покаже дека е ем здрав, ем невин.

Стаклениот ковчег исто не е естетика. Благородните семејства всушност правеле стаклени ковчези за девојки што умреле под сомнителни околности. Така убавината се зачувувала како доказ дека семејството има добри гени.

Снежана воопшто не бега во магија, туку влегува во свет на експлоатирани деца, преживувајќи, учејќи и работејќи физички работи за да преживее. Принцот што доаѓа во оригиналната верзија не ја буди со љубов. Тој станува опседнат со нејзиното тело во стаклен ковчег, па им наредува на слугите да го мкнат насекаде со нив. Заради неговата некрофилска опсесија, доаѓа и до оживувањето - се сопнуваат тие што го носат ковчегот и на Снежана ѝ излетува парчето јаболко од грлото.

Детали, во 23 минути:

25 ноември 2025 - 00:00