Грк со неверојатен скок го надмина Бубка и му се приближи на Дуплантис

Дваесет и шест годишниот Грк од татко Грк и мајка од Уганда, Емануил Каралис на 28-ми февруари на државното првенство во атинското предградие Пеанија прво имал успешен обид на 6,07 метри, па решил да го крене предизвикот на 6,17.

На запрепастување на сите присутни му успеал и тој обид кој досега го скокнал само вечниот Арманд Дуплантис. Со овој успешен скок на 6,17 тој ги надмина двајцата поранешни светски шампиони легендарните Сергеј Бубка и Рено Лавилени.

Бубка на 21 февруари 1993-та година успеа да скокне 6,15 а Французнот Лавилени во февруари 2014-та скокна 6,16 метри.

1 март 2026 - 09:09