Младите денес се толку несреќни што менуваат фундаментални животни патеки

Се оддалечуваме од концептот „средовечна криза“ - ни доаѓа (или нè одмина?) „очајна младост“.

Често знаеја да ни кажат дека средношколските денови ни се најдобрите во животот, но веќе нема да можат да им го кажуваат тоа на новите деца - има еден куп литература што укажува на една „грпка“ кај среќата во однос на возраста и сизифовска борба да се дојде до неа.

Над 600 трудови го покажуваат ова - за разлика од порано, кога имаше пад во среќата кај средните години, сега падот е кај младите. Тие на средна возраст се далеку посреќни од нив. И промената почнува од 2017 година, во сите општества, од богати земји до земји во развој; на места богати со искуства и места каде што ништо не се случува - доказите покажуваат дека не ни е веќе „судбина“ да бидеме среќни тинејџери и старци, а лути во средината.

Научниците се возбудени затоа што никогаш не виделе вакви податоци - коефициентот на среќа да биде најнизок кај луѓето на прагот на возрасниот живот, особено кај младите жени, иако и кај младите мажи важи истиот тренд. Една во девет млади жени во Америка пријавуваат дека секој ден бил лош ден за ментално здравје. Кај мажите бројката е помала - еден во четиринаесет, но сепак е загрижувачка. Голем број млади бараат помош од психолози, хоспитализирани се за самоповредување, дури и имаат обиди за самоубиство.

Понудените одговори на прашањето околу овој феномен не се задоволителни - не е КОВИД, не е пазарот на труд најверојатно - она што им е на истражувачите математички потребно е тренд што почнал некаде во 2014, што е глобален и непрорпорционално ги опфаќа младите - особено жените.

Во моментов, во таа рамка се вклопуваат мобилните телефони, но никој не е задоволен од тоа објаснување.

26 февруари 2026 - 05:15