Можна е светска војна. Ако првичните напади на Израел и САД не успеат да ја соборат иранската влада, ова би можело да покрене синџир на ескалации, предупредува Сакс.
Претседателот Доналд Трамп изјави во саботата дека примарната цел на нападот била „промена на режимот“, што значи соборување на сегашната влада во Техеран. Како прв чекор, оваа воена цел се чини дека е постигната: врховниот лидер Али Хамнеи е убиен при напад врз неговата резиденција и Иран прогласи 40-дневна национална жалост. Убиени се и неколкумина високи воени команданти.
Сепак, останува нејасно дали ова навистина означува почеток на промена на власта. Претседателот Масуд Пезешкијан, министерот за правда и член на Советот на чуварите привремено ќе ја водат земјата за време на транзицискиот период по Хамнеи.
Сакс тврди дека уништувањето на Иран е централно за долгогодишните настојувања на Израел да постигне целосна хегемонија во регионот на Блискиот Исток, и на САД на глобално ниво.
Од оваа причина САД и Израел заеднички соборија влади во текот на изминатите 30 години – во Либија, Судан, Сирија, Ирак, и во други земји, вели Сакс.
Тој потсети дека пред само неколку дена, американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, во интервју за Такер Карлсон изјави дека би го поддржал Израел да ја преземе контролата врз „сите територии што Бог му ги ветил на Аврам“. Според Библијата, ова би било земјата помеѓу Нил и Еуфрат - односно повеќето соседни земји.
Хакаби ја изрази вистинската позиција на американската длабока држава, дека Израел треба да има целосна регионална хегемонија на Блискиот Исток. Вреди да се одбележи дека Хакаби не беше опоменат на никаков начин од САД. Несомнено беше поздравен во Белата куќа и во Конгресот, изјави Сакс.
Тој не верува дека стратегијата ќе успее.
Овој обид најверојатно ќе пропадне, но не пред да предизвика огромно страдање, уништување и смрт, исто како што веќе направија САД и Израел низ целиот регион... Војната трајно ќе го оштети угледот и на САД и на Израел. Искрена проценка - за која Западот е целосно неспособен - би покажала дека САД во моментов се најопасната нација во светот, а Израел е сигурно најопасната нација на Блискиот Исток, додава Сакс.
Коментирајќи ги реакциите од Европа, тој оцени дека европските лидери дека изгубиле секаков контакт со реалноста и патетично ги молат САД за заштита, наместо да се држат до Повелбата на ОН. Во првата реакција на војната што САД и Израел му ја наметнаа на Иран, Фридрих Мерц, Емануел Макрон и Кир Стармер го повикаа Иран да ги запре нападите.
Како и обично, европските шефови на држави и влади се воодушевуваат од САД и Израел додека го напаѓаат Иран. Европа е без ‘рбет и без лидер, совршен вазал на САД, заклучува Џефри Сакс.