Руперт Гринт е уверен дека никогаш нема да излезе од сенката на Рон Визли

И не му ни пречи тоа.

Руперт Гринт, 37-годишниот актер кој го толкуваше Рон Визли во сите осум филмови од франшизата „Хари Потер“, признава дека и 14 години по премиерата на последниот филм, сенката на неговиот лик сè уште го следи.

„Сосема ми е во ред тоа. Мислам дека е одлично“, изјави за Бибиси. „Сакам да среќавам луѓе кои навистина го доживуваат ова како дел од своето детство.“

Гринт се појави на настан во северен Лондон, каде привлече голем број обожаватели и откри дека му напишал и писмо на младиот актер кој ќе го игра Рон во претстојната серија на ХБО, како симболично предавање на „палката“.

„Малку е чудно повторно да се повторува циклусот, но многу сум љубопитен како ќе изгледа“, рече Гринт.

Актерот имаше 11 години кога беше избран за Рон, лик кој стана симбол на пријателство и хумор во светот на Хари Потер. „Промената беше неверојатна. Бев голем фан на книгите, па за мене тоа беше како да влегувам во нивниот свет - многу посебно искуство“, се сеќава тој. Откако франшизата заврши, Гринт се појави во филмови како Into the White, серијата на Епл ТВ - Servant, во театар, и во музички спотови на Ед Ширан.

Сепак, за разлика од колегите Даниел Радклиф и Ема Ватсон, Гринт признава дека му било потешко да се ослободи од сенката на Рон.

„Не ми е здодевно што секогаш ме поврзуваат со ликот од пред две децении. Напротив, тоа ми носи гордост. Значеше многу за мојата генерација и сега за новите гледачи.“

Во меѓувреме, Том Фелтон (Драко Малфој) ѝ се врати на франшизата во улогата на Луциус Малфој (таткото на Драко, што на времето го играше Џејсон Ајзакс) на театарска сцена. За „Рон“ ова исто така не е исклучено но сепак, не му се остава едноставниот живот со семејството.

25 ноември 2025 - 00:00