Основачот на третиот по големина ланец на пицерии во САД, и сопственик на безбол клубот Детроит тајгерс и додека беше жив беше икона на Детроит. А има и други детали кои дополнително ја потретираат личноста на синот на Сотир и Султана, имигранти од Македонија.
Тој над 10 години тајно ѝ ја плаќал киријата на Роза Паркс во Детроит, град во кој се преселила по прочуениот случај со непомирливоста околу расната сегрегација во Алабама.
Во 1994 година, Роза Паркс на свои 84 години била нападната и ограбена во нејзиниот дом. Илич ја дознал приказната од медиумите и му се јавил на еден федерален судија кој си дал задача да ја згрижи старата. Илич тивко и без помпа ѝ ја плаќал киријата на Паркс до нејзината смрт во 2005 година.
Мајк Илич беше во брак со Мериен и имаа 7 деца. Неговото семејство е петти носител на почесните клучеви од Детроит.