Вог ја пренесе објавата на Џиџи Хадид во статија со наслов „Џиџи Хадид ја донира нејзината заработка од модниот месец за Украина“, каде што нејзината објава се цитира речиси во целост. Статијата ја спонзорираа на нивниот Инстаграм и оригиналниот текст беше вака:
„Денес, Џиџи Хадид објави дека ќе ја донира целата заработувачка за помош на Украина, и дека продолжува да ги подржува тие што поминуваат низ истото и во Палестина.“
Еден ден откако ја објави фотографијата, го сменија и текстот на Инстаграм и во статијата на сајтот со тоа што ја избришаа Палестина секаде каде што се спомнуваше.
Пред да сменат, постот беше бомбардиран со коментари и обвинувања дека „Вог шири анти-семитизам“.
Од Вог не кажуваат зошто е сменето.
Од Диет_Прада, секогаш спремни за кансел, коментираат:
„Некако, тоа што голем медиум се помачи да го избрише зборот ‘Палестина‘ од статија и пост на социјални мрежи за палестинска манекенка што донира за помош на Палестина, не ги вклучи алармите на кансел-културата кај ниеден од тие што коментираат и ги минуваат деновите копајќи по интернетот за примери на самоцензурирање.“