Да можете да ја прашате Кејт Мос било што, што ќе ја прашате? За камерата на Бритиш Вог, одговара прашања од Дејвид Валијамс, Елтон Џон, Марк Џејкобс и други луѓе, ем занимливи сами по себе, ем може ако нешто стварно сте помислиле да ја прашате, ќе ви го погодат и прашањето.
Епизодата е дел од серијалот „Прашај легенда“ на Вог (зошто ние немаме вакви работи?!) и во неа зборува за најомилениот на сите времиња фустан за журки, што може да ја изнервира во секое време и зошто Кристи Тарлингтон ја вика „little wagon“.
Има и за што ѝ украла ќерка и од плакар: