Годинешното издание тежи 1,8 килограми, а од сите 916 страни, 658 се со реклами. Иако, не успева да го надмине рекордот на страни со реклама, ова е најпрофитабилното издание од 2007-ма до денес.
Според поранешниот уредник на машкиот Вог, Нед Мартел, септемврискиот број е индикатор на економската состојба во земјата. Па така, септемврискиот број во 2008-ма имаше 7% помалку реклами од претходната година, овој број излезе во исто време со економскиот крах и банкротот на Леман Брадерс. Во 2009-та, имаше само 447 страни со реклами, за во 2010-та да порасне на 532 и 584 во 2011.
Растот на бројот на огласувачи во Вог не значи дека на луѓето им е подобро, туку дека тие повеќе фантазираат за поубави времиња.
"Освен облека, модните магазини продаваат идеали и аспирации, кои изгледаат многу повредни кога економската состојба ги прави помалку достапни," објаснува Нед Мартел.