Септемвриското издание на Вог се смета за модна библија и е легендарно по бројот на реклами, за септември 2013-та 370 страни од магазинот ќе бидат одвоени за маркетинг. Ама годинава за прв пат ќе има и верзија без реклами. Ама ќе ве чини.
Септемврискиот број на Вог е толку легендарен што се сними документарец за изданието од септември 2007-ма кое имаше 840 страни, од кои 727 беа со реклами. Изданието за септември 2012-та, има 916 страни.