Што имаат заедничко Марк Џејкобс и Одри Хепберн? За модните ентузијасти и фрикови за поп-култура ширум светот, и двајцата претставуваат иконокластична визија за Њујорк Сити. Марк Џејкобс, и човекот и брендот е модна Статуа на слободата. На почетокот на годинава, сценираше враќање со модна писта - после неколку сезони седење мирен за време на пандемијата - со колекција од покриени, напумпани силуети, кои ги прикажа во Њујоршката јавна библиотека (што е уште еден споменик од неговиот ранг).
Сепак, во последно време, како што ќе забележат неговите следачи на Инстаграм - неговиот накит е она што привлекува внимание во неговиот личен стил. Марк Џејкобс предводи револуција на мажи со накит кои не се видени уште од ренесансните господа и махараџите прекриени со дијаманти.
Кое парче накит ти е највредно, покрај бурмата?
Веројатно еден Ендру Грима часовник од ’60-те.
Зошто е посебен?
Се сеќавам дека бев во Луи Витон и г-ѓа Прада имаше рачен часовник од Ендру Грима и јас се вљубив во него. Се обидов да го најдам човекот и се спријателив со неговото семејство - со жена му и ќерка му - и ми најдоа ист таков. Бев пресреќен и тоа ми е најдраго парче што го имам.
Зошти Тифани-сино?
Обожавам нешта што се класични и иконични и сакам да играм со тоа што ќе ги извадам од контекст.
Си појадувал кај Тифани?
Не постои такво нешто! Но, ми се допаѓа приказната зад тоа. Ја знаете приказната како Труман Капоте ја сковал фразата? Кога се укотвувале морнари во Њујорк, сите геј типови се возбудувале затоа што морнарите биле млади, згодни и пијани. Капоте си собрал морнар и после една вечер заедно - морнарот бил малце селанче - му рекол, „Што сакаш да правиме?“ Морнарот не го знае Њујорк, не е ни софистициран, ни ништо. Нема поим, и единственото фенси што му паѓа на памет е Тифани. И му вика, „Па, би сакал да појадуваме кај Тифани.“
Која песна те расположува?
There But for the Grace of God I Go од Машин. Кога излегував да танцувам, мислам, многу одамна, имав 16 или 17, и одев во Студио 54. Кога ќе ја пуштеа таа песна, сосема полудував. И до ден-денес, дури и во бањата, кога сум расположен, се туширам, си ја пуштам на телефон.
Како беше навистина, да се биде во Студио 54?
Работата е што мислам дека луѓето само слушаат за тоа, или гледаат филм, или што и да е, и тогаш има едно доживување - леле, колку би било неверојатно да се биде присутен со сите тие ѕвезди, гламур и лудило - и токму тоа беше. Беше многу тешко да се влезе и кога ќе влезеш, беше брилијантно и никогаш не разочаруваше. Музиката, гламурот, декаденцијата. Навистина го имаше сето тоа.
Каде се опушташ сега?
Во бањата.
Имаш ли омилена приказна поврзана со накит?
Да! Никако не можам да се сетам кои беа двете жени, но мислам беше Сара Бернард, славна глумица во Париз и уште една жена - си биле конкуренција. Оделе на некој бал и една од нив одлучила дека за да ја надмине другата, ќе ја стави на себе цела колекција на накит што ја има. Другата се појавила само во црн фустан, без накит, а со нејзе ја земала слугинката, на која ѝ го ставила целиот свој накит. Значи ја надминала првата без ниедно парче накит на себе. Ја обожавам приказната.
А сега: