Зошто тешките вистини за жените секогаш мораат да ги кажуваат жени-негативци?

Да ги земеме за пример Круела Девил во (филмот) „101 далматинец“ и Урсула од „Малата сирена“. Едната советува да не се отфрла талентот. Другата да не се откажуваш од гласот. 

Или да се потсетиме на една објава што често се врткаше по Тамблр и на крај стана институција: Некој праша зошто репликата дека „Жените се губат во брак“ и дека не треба да го отфрлаат талентот ѝ е дадена на Круела кога е точна.

Некој друг одговори дека просто сакале таква изјава да може да дојде исклучиво од жена што е спремна да носи бунда од кучешко крзно.

Демек, будала, ви текнува?

4 јуни 2026 - 00:00