
Минатиот месец бев на телефон со една од најстарите другарки, да надоместиме за сè што сме пропуштиле да си кажеме во претходниот период. Само што ќе почнев да ѝ раскажувам за флертувачките пораки што почнав да си ги праќам со еден шармантен човек што го запознав на забава, од другата страна се појави неочекувана тишина. Пред да стигнам до „јакото“, ме прекина. „Чекај, имам порака од син ми.“
И ми исклучи. Толку. Нема чао, нема „ќе ти се јавам“.
Ова беше остар потсетник на хиерархијата на современото другарство. Во светот на мајки и татковци, другарот, или другарката без деца е секогаш на дното од купот. Како жена со 64 години, тешко ми е да признаам дека тие ми требаат повеќе отколку што јас им требам ним. Кога ќе пишам на најдобрата другарка, добивам „чекај да видам што прават прво децата“. Постојаните вести дека се преплавени со чување деца се и болен потсетник дека сум многу пониско на нивната листа на приоритети отколку тие на мојата.
Дали е премногу што барам да завршиме со ручекот пред да мораш да зборуваш со син ти еден час на ФејсТајм? Кога и да го слушнам тоа забрзано „добро, кажи кое време?“, додека се мачат да ги разнесуваат нивните возрасни деца до железничка станица, сакам да се акнам од ѕид за да ми олесни.
Не ме сфаќајте погрешно; сфаќам дека моите пријатели кои се и родители си ги сакаат децата и сакаат да поминуваат време со нив и дека им се сменети приоритетите. Разбирам дека родителството не е секогаш лесно, особено сега кога саканите им се обесени на телефон и нонстоп им бараат нешто.
Но, го обвинувам нашето општество каде што децата се центар, каде што високо-интензивното родителство сега веќе нема рок на траење. Создадовме култура каде што бивањето родител е трајна состојба на вклученост, и моите пријатели тоа ги проголтува. Го минуваат времето развозувајќи дваесет-и-кусур-годишни деца по журки и остануваат на повик засекогаш.
Вистината е дека родителите мислат дека нивните животи се од старт поважни од животите на оние кои решиле да немаат деца. Мислат дека имаат право да откажат во последна минута, но ако се пожалиш - ти си тој што е „тежок“. Неодамна, кога се пожалив на другарка, откако не ми враќаше на повикот по којзнае кој пат, ми одговори со длабоко, уморно паметување: „Да беше мајка, ќе знаеше дека не можеш да се ставаш себеси на прво место“.
Сега кој е себичен?
Општеството отсекогаш претпоставувало дека ако не станеш родител, или си индиферентен кон другите, или не сакаш да се откажеш од личната слобода. Родителите не сфаќаат каква привилегија е да имаш пород од мини-луѓе што безусловно те обожаваат. Односот со детето е љубов, од најисполнувачките. Покрај тоа, многу од нас се без деца затоа што така излегло, не затоа што така сакале. Откако два пати имав спонтан абортус и се најдов сингл на погрешната страна од 40-те, едноставно не ми се случи. Жалам за тоа, но го прифаќам и не барам сожалување.
Ама некои од нас се потпираат на пријателствата. Смеење со пријатели те враќа во нормала. Сепак, просто е чудно како родител заборава како е на другата страна од „оградата“. Мораш ли да оставиш сè и да трчаш до аптека по капки за нос затоа што „детето“ шмркало? Настинат е, нема тифус!
Искрено, нема потреба ни од расправање. Неодамна се разговарав со другарка што го занемари нашиот однос, истакнувајќи дека бев околу неа кога речиси се онесвестуваше од недостаток на сон. Се смиривме, ама неколку недели подоцна кога бевме излезени само ние, го помина целото попладне разговарајќи со ќерка ѝ на телефон за свадба што требаше да се случува шест месеци подоцна. Не ми се веруваше.
Затоа почнав да барам не-родители. Ми се чини како цел нов свет да ми се отвори. Не поминуваме часови сецирајќи неблагодарни дваесет-и-кусур-годишници - разговараме за долги прошетки и нови барови во градот. Има една слобода тука и разбирање дека си ги знаеме потребите и ситуациите. Да не зборувам колку години непрекинато спиење сме имале.
По нешто има и во наша корист.