
Осаменоста не е само да бидеш сам - знае да биде и разликата меѓу конекцијата што ја бараш и конекцијата што ја добиваш. Сега истражувања покажуваат дека тивките, еднострани пријателства ни паѓаат потешко како што старееме.
Можеби и сте пробале, а сигурно сте чуле дека некој пробал - престануваш да пишуваш прв/а. Престануваш да предлагаш кафиња. Па чекаш. Па деновите стануваат недели, а тишината станува одговор, иако никој не рекол „чао“.
Подоцна, таа тишина станува потешка, затоа што се проретчуваат школите, одењето на работа, и општо, животните обврски. Загубата што никој не ја именува е дека пријателство може да заврши и без расправија, без последен повик и без јасна причина. Понекогаш, човек престанува да обезбедува покани и да прашува кој како е - што всушност и го одржувало тоа пријателство во живот.
И толку.
Она што следи личи на жалост, но без да има настан што остатокот од светот ќе го препознае. Психолозите користат теорија на правичност за да објаснат зошто тој дисбаланс станува непријатен. Има една рамка околу фер однос на работа што може да се адаптира и за пријателства.
Идејата е едноставна - не се дружиме за инстант да ни се исплати напорот, но давањето и примањето е главно фер еден одреден период. Во пријателствата, трудот е невидлив - да ти текне дека некој имал тешка недела, да го провериш после некој преглед, да договориш вечера или секогаш ти да бидеш тој што вика „ајде да се видиме“. Привремен дисбаланс не е доказ дека пријателството е еднострано, особено за време на болест, жалост, грижење за некого или стрес. Но, ако образецот трае, тогаш трудот почнува да личи на баш на неплатен труд.
Возраста е таа што ја отстранува социјалната структура - додека сме млади, близината ни ја врши работата: Одиме заедно на часови, на работа, децата ни се дружат во школо... Ги гледаме и ги бираме истите луѓе. Подоцна, тоа се менува, затоа што одиме во пензија, почнуваме други обврски, се селиме... Автоматизмот го снемува. Сепак, стареењето не значи автоматски осаменост - мрежите што сме ги создавале цел живот можат и да се прошират, некои пријателства се продлабочуваат и покрај тие што ветреат.
И бидејќи работите ретко се црно-бели, можеби не треба да броиме кој прв пишал или поканил и треба да се насочиме кон однесувањата под површината. Дали и двајцата покажуваат интерес? Дали нудат поддршка? Дали создаваат простор еден за друг со тек на време? Дали пријателството може да преживее сериозен разговор за наводните проблеми што ги има?
Роберт Валдингер, директор на една харвардска студија за развој кај возрасни и психијатар во Масачусетс вака ја срочува големата слика:
„Да се грижиш за сопственото тело е важно, но да внимаваш на односите со луѓето е исто така форма на грижа за себе.“
Поентата не е да има совршен баланс, туку заедничка грижа што оди во двете насоки.