
Бил страв и трепет во Белград, и се вложувале огромни напори да се фати.
Според некои, бил многу побрутален од „колегата“ од Лондон затоа што се смета дека на неговиот список на жртви се наоѓаат од 14 до 60 луѓе. Мразел жени, особено проститутки. Наводно украл перика, лажни бркови и гардероба од српскиот глумец Миливој Поповиќ Мавид и така маскиран го тероризирал градот. Изворите наведуваат дека пред да усмрти жена го рецитирал Балзак кој му бил идол, како што му бил и Џек Мевосек. Сите текстови на српски што ќе ги најдел за него ги собирал и се трудел да го надмине неговиот број на жртви - според некои и му успеало.
Омразата кон проститутките му се појавила уште од детството во Ниш - и овде продолжете да читате внимателно и ако треба прекинете, затоа што следат многу гадни детали:
Татко му бил чевлар, но бил алкохоличар и ги малтретирал сопругата и синот. Мерете му го паметот: Редовно носел проститутки дома, кои го задоволувале пред синот и сопругата, а додека тоа се случувало, ја терал жена му да клечи покрај нив, да гледа и да пее или да рецитира. На детето ова уште од најрани години му створило омраза, а адолесцентските години ги поминал замислувајќи како убива или дави жени.
Првото злосторство го извршил во Мерошина, недалеку од Ниш, кога на 15 години силувал девојче од 12 години. Потоа, мајка му се развела од татко му и заедно се преселиле во Белград каде што веќе почнал да си ги остварува сите фантазии. Во 1948, во Цвијиќева улица е пронајден леш на задавена и силувана жена со искината облека. Постојат сведоци дека ја убил дури и сестрата на неговата сопруга, а кога таа дознала, била шокирана што Трифуновиќ е одговорен за сите злосторства што му се припишувале, затоа што бил нормален и семеен човек.
Побарала развод откако го уапсиле, а на шокираните иследници им рекла дека го тепала затоа што бил „за никаде во кревет.“
Освен на проститутки, српскиот Џек Мевосек бил насочен и на парови. Мажите ги онесвестувал со разни предмети, па жените ги силувал и ги убивал. Во бизарната украдена гардероба од глумецот со години ги малтретирал сограѓаните, но од затвор и суд го спасувала високата интелигенција и способноста да си ги покрие трагите. Докази не оставал никогаш, а со секое ново злосторство ја насочувал истрагата во различни правци. Го викале човекот со повеќе лица затоа што дење бил угледен граѓанин што работел на градилиште, а ноќе, во бизарниот аутфит ги вршел најлошите можни злостори, што најстарите жители на Белград уште ги паметат.
После повеќе злосторства, монструмот е конечно фатен, но не поради убиство - ја запалил кафаната „Златно буренце“ а на канистерот нашле негови отпечатоци. Фатен е во полициска заседа на Железничката станица и кога го уапсиле, клопчето почнало да се одмотува.
Во затвор сам си пресудил, забивајќи си една шипка во уста, а друга директно во срце.
Останува запамтен како еден од најбруталните убијци во Југославија.
Патем, не се сите сериски убијци исти.