
Повеќе од еден век, една необична книга ги збунува историчарите, криптографите и сите што сакаат да решаваат мистерии. Познат како Војничовиот ракопис, овој средновековен кодекс е напишан со писмо кое сè уште не е дешифрирано. Авторот е непознат, не е откриено ни значењето на текстот, но сепак, илустрациите даваат неколку интригантни траги: необични растенија, ѕвезди и астролошки дијаграми, садови со билки, како и десетици голи женски фигури во сцени што изгледаат како капење или некакви ритуали со вода.
Токму женските фигури се причината поради која се појавува една особено интересна теорија: што ако ракописот, или барем негов дел, бил посветен на женското здравје? Во таканаречениот балнеолошки дел, жените се прикажани во базени и зелени течности, поврзани со необични цевки и структури, а некои од илустрациите дури биле толкувани како можни претстави на женската анатомија. Во комбинација со страниците со растенија и билки, ова потсетува на средновековен медицински или фармаколошки текст. Некои истражувачи навистина ја разгледувале можноста дека станува збор за медицински прирачник поврзан со женското здравје, но тука мистеријата станува уште поголема.
Не се знае што пишува, па автоматски не може со сигурност да се каже дали станува збор за гинекологија, билкарство, бањи, алхемија, астрологија или нешто сосема друго. Но, ако е точна теоријата, тогаш пред нас можеби стои една фасцинантна слика за тоа како пред стотици години луѓето го разбирале женското тело, здравјето, лекувањето и плодноста - запишано на јазик што, пет века подоцна, сè уште никој не успеал да го прочита.
А може да се гледа и поромантично: