
Утрово, откако се разбудив со моите женски мачки, си направив шолја женско кафе, па се заглавив во женска работа. Направив пауза да кревам малку женски тегови, па праќав некои женски мејлови. Конечно, после женската вечера, дојде време да поспијам пред да дојде уште еден долг, тежок ден во девојчинството.
Знам што си мислите - зошто е женава толку упорна да им стави род на нејзините небитни активности, инфантилизирајќи се кога е јасно дека е возрасна? Фер е прашањето. Трендот е од пандемијата, кога се појавија „прошетки за згодни девојки“, што дојдоа после „Лето за згодни девојки“ на Меган Д Сталион.
Денес, може сте clean girl (носите природна шминка), или cool girl (проектирате имиџ на некој што не се замара) или tomato girl (пазарите зеленчуци облечени како мафијашка сопруга). Да инсистираш дека си возрасна жена значи дека си досадна. Овој тренд ме разбеснува до еден антисоцијален степен, опериран од хумор.
Ми снема волја за воздржување додека бев на одмор во Париз со мојата сирота сестра, чиј незлонамерен предлог за лесен вечерен оброк испровоцира тирада што траеше со минути од мене, што прекина кога ни донесоа даска во ресторан. Излезе дека сум само бесна од глад и се извинив што се дерев. Добрата страна е што од тогаш сестра ми нема кажано „женска вечера“ пред мене.
Знам дека реакцијата ми е несоодветна. Дека се работи само за забавен и незадолжителен обид да се направи секојдневието поинтересно. Дури вреди да се каже дека овој „женски“ тренд е напор да се воздигнат младите жени кои се моќна културна сила што историски се отфрла. Со оглед на тоа што девојчињата често ги социјализираат да се грижат за другите, некои жени можеби само сакаат да ја вратат таа игривост и слобода што им фалела кога биле деца.
Можеби и разумно ќе кажете - не е толку длабоко, де. Јас би рекла, сепак, дека тој girl тренд е далеку од безопасен. На пример, често е Тројански коњ за консумеризам - со производи за нега и убавина и мода во сите варијанти на трендот. Уште поважно е што е самоинфантилизирачки и злонамерен, баш затоа што е навидум „ништо страшно“. Во еднаков свет, возрасните жени смеат да се шегуваат дека се „само девојки, блажено ослободени од одговорности како гласање“, но во време кога толку многу се работи на разнебитување на жените, ми личи и како соработување со непријателот.
Женските права се уназадуваат насекаде низ светот, според ОН, и затоа не смееме да ризикуваме да им дадеме муниција на тие што сакаат да ги одземат. Треба да стоиме решително во нашта политичка моќ и да ја искористиме секоја можност да ја изразиме. Девојчињата на денешницата сметаат на нас.
Во меѓувреме, кога и да чујам возрасни жени како зборуваат за hot girl walks или clean girl makeup или messy girl desks, ми текнува на Малибу Стејси - пародијата на Барби од Симпсонови што слаткасто знаеше на копче да каже „Не ме прашувајте - јас сум само женско!“
Лиса Симпсон не го прифаќаше тоа, па нема ни јас.