
Целосно женската продукција со наслов Први средби: Јулиј Цезар со Хариет Волтер имала предупредувања за сè од ликови што искусуваат жалост, до убиство, затворање, лажна крв и пластични оружја-реквизити.
Дејството е сместено во женски затвор, а предупредување има во детали дури и за повеќекратното бодење на самиот Цезар.
Самиот список на објаснувања привлече остри критики од легендарни театарски ѕвезди кои инсистираат дека се претера. Еднаш веќе коментираше Реиф Фајнс на темава, исто и Мет Смит.
Актерката Фелисити Кендал вели дека набројување на секоја емоција и ефект пред да се крене завесата просто одзема од магијата на живиот настап. Други велат дека публиката треба да биде шокирана, изненадена и заинтригирана, наместо да се гази по јајца околу неа.
Како одговор на ова, Royal Shakespeare Company ја бранеше одлуката, објаснувајќи дека „јасните упатства помага публиката да донесе информирани одлуки пред да присуствува, особено кога се работи за помлади.“ Истакнаа дека славната шекспировска трагедија секако содржи тешки теми, вклучувајќи убиство, жалост и приказ на самоповредување.
Само нека биде со пластични ножеви и нека пишува негде, да си знаеме. Инаку, којзнае што ќе си помислиме.