Се разви дебата на социјалните мрежи откако Фајнс на интервју го кажа неговото мислење за тригер-предупредувања пред театарски претстави во живо:
„Мислам дека да,“ почнува тој како одговор на прашањето дали публиката премногу омекнала. „Порано немавме тригер-предупредувања. Има многу вознемирувачки сцени во Макбет, ужасни убиства, ужасни нешта, но мислам дека импактот на театарот треба да биде да сте шокирани, треба да сте вознемирени. Мислам дека не треба да се предупредува за вакви работи. А кога бев млад, никогаш немавме предупредувања за претстави во живо.“
На прашањето дали би ги укинал, вели дека би.
„Мислам, предупредувања за стробоскоп за луѓе што физички не можат да го издржат се во ред. Но, драмите на Шекспир се полни со убиства и хорор и како млад студент и љубител на театарот не сум искусил предупредувања… Имаше шок. Театарот мора да биде жив и да те поврзе со сегашноста. Шокот, неочекуваното, тоа го прави театарот толку возбудлив!“
Откако се рашири клипот со овие изјави, на Твитер имаше корисници што беа унередени, не само поради, според нив, практичноста на предупредувањата за вознемирување, туку и дека ги има по други медиуми со години.
Главно тврдат дека „нема поима“ и „не знае што збори“.
Реиф Фајнс е номиниран за Оскар два пати (Шиндлеровата листа и Англискиот пациент) и има Тони награда за главна улога во „Хамлет“.