Филмската и сценската уметност, што порано се подразбираше дека може (а некогаш и треба) да вознемират, сега се отапуваат со предупредувања, за луѓето да не се потресат многу, или да не им се разбуди некоја траума.
Токму ова го нервира Мет Смит, британскиот актер што беше и Doctor Who, Принц Филип во The Crown и Дејмон Таргеријан во House of the Dragon.
Последниов, Џорџ Р.Р. Мартин го има напишано како „морално сив“ лик, но многу фанови расправаат дека е класичен негативец.
Смит сака да игра поларизирачки ликови:
„Тоа е поентата! Треба да раскажуваме морално тешки приказни, особено во денешно време.“
И додава:
„Во ред е да ти биде непријатно или да се чувствуваш испровоцирано кога гледаш слика или драма, но се грижам дека сè се стишува и се заглупува,“ вели тој. „На публиката ѝ кажуваме дека ќе се плаши уште пред да гледа нешто. Предупредувањата се само досадна, современа идеја дека возрасни луѓе не можат да се справат со тоа да ги вознемири уметност.“
Според него, премногу контрола над приказните и страв да се изнесат надвор затоа што „климата е таква“ е штета.
А контрола има насекаде. И Реиф Фајнс се жалеше баш од trigger warnings.