Македонија е свето име бе, мамето ваше!

За многумина единствена цел да се влезе во ЕУ е за да се има цицка за цицање. Ги заболе нив за европски идеали, култура и наследство. Под султан Реџеп би се вратиле ако им вети плата од 1.000 евра (под услов да не се напнуваат за тие пари). Такви склопови, не име, родена мајка би продале. Така што, бар вториот дел од насловот да допре до нив.

Пред 6 години оваа реченица им бодеше очи и против неа пењавеа многумина кои изминативе два дена националниот пораз се обидуваат да го протолкуваат како победа. Како и да е, нека ви е честита светлата иднина во која нема да се сретнеме. Нај, нај, најискрено: со среќа на тој пат!

Дарко

14 јуни 2018 - 10:27