
На само 14 години, Педрињо пукал во заменикот градоначалник кој лажно го обвинил татко му за кражба, а потоа го убил и вистинскиот крадец.
Во Сао Пауло поради убиството на девојката Марија Апаресида Олимпија ги мачел и ги погубил сите одговорни - и тоа пред да наполни 18 години.
Кога татко му ја убил мајка му, Фијо во затвор го избодел до смрт, му извадил дел од срцето и го изџвакал.
Зад решетки убил уште најмалку 47 затвореници, таргетирајќи силувачи и убијци, но и цимерот што хрчел прегласно.
Додека ги возеле во полициско комбе, го задавил осудениот силувач за кој бил врзан со лисици.
Иако бил осуден на 400 години затвор, бразилскиот закон ја ограничува казната, па во 2007 го пуштиле и станал вирална интернет сензација - на емисии и подкасти објаснувал дека е рехабилитиран од „одмаздничко однесување“ и дека решението не е да изиграваш закон.
Минатото го стигнало на 5 март, 2023 во Моги дас Крузес, Сао Пауло - пред куќата на сестра му, маскирани напаѓачи пукале во 68-годишниот Фијо неколку пати, му го пресекле вратот и го оставиле мртов на плочник.
Серијата „Декстер“ е базирана на книга инспирирана од него.