
Хелен Мирен со своите 81 година не се грижи за здравјето - не ни мисли на него. Во едно интервју за Ентертејнмент Викли, нејзините колеги од A Talent For Murder кажаа дека се зближиле поради хипохондрија, на што Мирен се вклучува со изјавата дека има „обратно од хипохондрија“.
„Едноставно комплетно игнорирам сè,“ објаснува. „Избегнувам доктори. Тотално. И функционира.“
Потоа додава дека е супер да се прашува вештачка интелигенција за медицински совет. Kога актерот Алден Еренрајх ќе каже дека многу би сакал да има доктор по дома, Мирен му вика, „Па имаш. Се вика ВИ.“ И воодушевена е од ВИ. Веројатно од практичното ВИ што го содржи сето знаење на светот, не и од тоа што глуми уметник - на еден настан искина пред сите говор генериран од ВИ.
Иако има аверзија од доктори, сепак вели дека ѝ е важно физичкото здравје и дека кај постари луѓе е многу важно да се вежба.
„Што и да мислите за стареењето, тоа е нешто што сите мораме да пробаме да го прифатиме, наместо да му се плашиме. Не мора да одите во теретана. Може и со мали промени како кратки прошетки или јога, во која сè уште уживам.“
За да се одржи во форма, вежба по режим на Канадската кралска авијација - 12-минутен циклус од базични вежби што не бараат опрема.
„Почнува од многу слабо и лесно, а ако продолжуваш станува потешко. Не сум го поминала второто ниво, но фина програма за вежбање е. Ништо екстремно, ама треба секој ден. Тоа е одличен почеток, затоа што само треба да се исконтролираш. Јас сум неверојатно мрзлива и ако можам да го избегнам - ќе го избегнам, но повремено знам да се приберам и да направам нешто што знам дека ќе функционира.“
Кој сака да проба: