Решение има, треба волја

На една женска ајкула во аквариум во Сеул ѝ се смачило машката ајкула нонстоп „да се удира“ од неа. Па, го изела мажјакот. Побитното прашање е дали е применливо кога некој во диско упорно божем „не сакајќи“ се мава во тебе.

Во јануари 2016 година, посетителите на аквариумот COEX во Сеул биле сведоци на необична и вознемирувачка сцена: голема женка од видот sand tiger shark нападнала и проголтала помала ајкула во истиот базен.

Женката, долга приближно 2,2 метри, ја нападнала помалата, машка ајкула, долга околу 1,2 метри. Според извештаите, борбата траела со часови, а поголемата единка постепено го проголтала целото тело на помалата. Следното утро, од нејзината уста бил видлив само врвот од опашката.

(Како кога ќе запалат светла во 4 сабајле во ноќен клуб.)

Од аквариумот го опишуваат настанот како можен „територијален конфликт“ и објаснуваат дека овој вид ајкули можат да нападнат помали ајкули кога нивниот простор е загрозен, особено во периодот на размножување. Како можна причина се спомнува и тоа што двете животни се судриле во ограничениот простор на базенот, а од таму и шегаџиската аналогија со мажи што досаѓаат на жени.

Сепак, научното објаснување не е толку едноставно. Според францускиот биолог Бернар Серe, ограничениот простор во аквариумот, неприродните услови и предаторското однесување можеле да придонесат за нападот. Тој истакнува и дека не станува збор за канибализам, бидејќи животните биле од различни видови.

Случајот, сепак, отворил прашања за однесувањето на големите морски предатори во заробеништво и за тоа колку нивните природни инстинкти можат да се променат во вештачки ограничена средина.

И уште едно прашање: Ако може да не се преправате дека случајно се мавате во жени во гужва, глупо е и се гледа од авион дека сте проблем.

21 септември 2026 - 00:00