Барселона е потресно јака, сега убедливо ја згроми и Севиља на гости

Барселона продолжува да бележи историски моменти откако синоќа после пресврт ја совлада Севиља 1-3 со голеадата на Бразилецот Рафиња. Барса има 7/7 во Ла Лига со дури 31 постигнат гол! Како играат тешко некој периодов да ги сопре во Европа.

Рафиња само три минути по примениот гол на Барса израмни на 1-1 на убава асистенција на Андреас Кристенсен. Бразилецот во вториот дел прво зголеми на 1-2 по асистенција на Ламин Јамал во 52' минута а својата чудесна вечер ја заокружи во 69' минута.

Рафиња минатите две сезони беше еден од најдобрите светски фудбалери и прав шок е што воопшто не е ставен сега на најновата листа кандидати за Златна Топка на ФИФА.

Тој и после натпреварот изјавил дека не е негово да коментира и дека не тврди дека самиот треба да ја доби Златната топка но дека е чудно како тој и неговиот соиграч Педри воопшто не се нашле на листата.

Барселона е прва на табела во Ла Лига со 21 бод од 7 натпревари и неверојатна гол разлика 31:7. Реал Мадрид и Бетис имаат по 15 бода.

20 септември 2026 - 08:35