Хрватот Филип Хрговиќ на филмски начин стана светски шампион во тешка категорија

Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ е светски шампион во тешка категорија откако во големата „О2 Арена“ го совлада домашниот боксер и миленик на публиката Мозес Итаума од Англија.

Дуелот беше прекинат во 9' рунда и заведен како победа на Хрговиќ со технички нокаут иако Хрватот во првите осум рунди воглавно беше во целосно подредена положба. Прими необреони остри удари.

Младиот 21-годишен Итаума кој до овој меч имаше 15 победи на 15 бокерски дуели во професионалниот ринг, се истошти и целосно се измори во 9 рунда кога Хрговиќ беше прогласен за победник после еден нокаут.

Итаума бил изнесен со носилки од салата при говорот на Хрговиќ.

„Вечерва не бев јас тоа. Беше тоа Исус Христос во мене. Отецот, синот и светиот дух. Тоа не бев јас. Губев во секоја рунда, тој подобро боксуваше. Не знам од каде добив енергија во последната рунда. Не беше тоа моја сила, беше тоа Светиот дух, тој ми даде шанса да имам најдобри подготовки. Тој ме спои со сјајниот тренер Абел Санчез“, рекол Хрговиќ после најголемата победа во кариерата.

Хрговиќ кој има и олимписка бронза сега има учинок 21-1 (14 победи со нокаут) во професионалниот ринг. Единствениот пораз му го нанесе познатиот Даниел Дубоа.

После борбата промотерот Бил Ворен изјавил дека следен ривал на Хрговиќ ќе биде Кубанецот Франк Санчез на што овој рекол:

„Ма каков Франк Санчез! Сакам обединување на титулите. Го сакам Даниел Дубоа, го сакам Кабајело“, рекол Хрговиќ.

Јутарњи.хр пишува дека е надреална статистиката од овој филмски боксерски дуел затоа што Итаума пласирал вкупно 416 ударци од кои 163 го погодиле Хрватот односно имал прецизност од 39,2 посто. Хрговиќ од друга страна упатил 346 удари и погодил само 90 што е 26 посто.

Што се однесува до силните удари, Итаума погодил дури 124 со 50,8 посто прецизност а Хрговиќ такви удари погодоил 64 или 36,6 посто успешност.

Нереален исход на борбата која што го направи Филип Хрговиќ прв хрватски боксерски шампион на светот.

30 август 2026 - 11:15