Миријам Марголис и Џон Клиз не си остануваат должни

И двајцата имаат над 80 - Миријам Марголис не му заборава на Џон Клиз дека бил дрзок со неа. Џон Клиз вели дека била толку вулгарна и дрска што само ѝ се тргале од пат.

Миријам Марголис е позната по немање филтер. Ако не ни верувате, да ве потстетиме дека кај Греам Нортон на некои свои 70 и кусур години, на Даниел Радклиф му рече „мали бевте, тебе уште не ти беа спуштени јајцата“, а претходно и „свршив во гаќи“ при средба со Лоренс Оливие.

Со Џон Клиз се знаат многу оддамна, уште од факултет, кога сите заедно настапувале во група комичари. Во едно интервју кај Ромеш Ранганатан, Миријам добива прашање за 1960-те, кога била дел од комедијантската група Кембриџ Футлајтс, каде што во исто време членувале и Џон Клиз и покојниот Греам Чепман. Вели дека има „непријатни сеќавања“ од тој период и за тоа ги обвинила Џон и Греам.

„Не ме сакаа,“ рече натажено, „и го покажуваа тоа со одбивање да зборуваат со мене, или да ме погледнат ако не сум на сцена. И никогаш не им простив. Мислам дека беа брилијантни млади дечки, но им фалеше оној човечки дел од генот.“

И на крај додава:

„И на крај, комедијата им немаше душа, сепак. Драго ми е што е стар и несмешен,“ зборувајќи за Клиз.

Ова изгледа го налутило Џон Клиз, па има отровна реакција, на Икс:

„Неколкумина од нас репресирани и социјално невешти момчиња од средната класа никогаш претходно немавме сретнато некој толку дрзок и вулгарен, и мислам дека се пазевме од неа. Немаше малтретирање или нешто такво. Само ѝ се тргавме од пат.“

Твитот:

Миријам:

31 август 2026 - 00:00