- Од први јануари 2027 година, Хрватска ќе воведе доживотен затвор за сторители на 15 од најтешките кривични дела, вклучувајќи неповратно или долготрајно загадување на животната средина.
- Најстрогата казна ќе им се изрекува на сите возрасни лица над 18 години, без да се поштедат помладите возрасни лица.
- Осудениците ќе стекнат право да поднесат барање за условна слобода дури откако ќе отслужат 25 години.
- Покрај тоа, санкциите за компаниите значително се заоструваат, па казните за екоцид и најсериозно загадување на животната средина ќе се зголемат до 50 милиони евра.
- Сака да ѝ стави ново име на вештачката интелигенција.
- „Многу луѓе мислат дека зборовите „Вештачка интелигенција“ се неточни и многу нејасни во однос на ВИ односно вештачката интелигенција“, напиша Трамп.
- Понуди гласање за три негови предлози: Супериорна интелигенција, Екстремна интелигенција или Врховна интелигенција.
- Во моментов води Супериорна.
- Еден му има пишано: „Нè заболе бе за ова, прекини ги војните и врати го бензиот на два долара за галон“.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.