Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Не знаевме дека башибозук е германски збор

31 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Градскиот советник од Манхајм, Јулијан Ферат, пред неколку недели најави свингер-забава во градското собрание.
  • Побарал да му се даде просторија што одговара за таа намена, градот го одбил. Закажал состанок за друга тема која  му била одобрена но просторијата сепак ја искористиле за она што планирале - групно да се разлупаат.
  • 35 годишниот локален политичар сега тврди дека свингерајот веќе го извеле во општината, како форма на „политички протест“ 
  • Биле деветмина, две жени плус седум суртуци (сосе него).
  • Да им честитаме исто така на германски: машала. 
извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Стари, што беше бе тоа?

Видео
2

Јако мување

Балканштина
3

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

4

Запрете ја вештачката интелигенција!

Видео
5

Се моли премиерот да не биде наивен

Македонски рулет
6

Демек мангуп а?

Фудбал
7

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
8

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Разно
1

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

2

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
3

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
4

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Свет
5

И Европа размислува за директни преговори со Путин

6

Милиони хакерски напади врз интернет

7

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Свет
8

Влади затворија веб-страници поради безбедносни дупки во интернетот

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Интервју за разводи и погреби

Пресвртен момент во една кариера

Хартијата трпи сè

Како се прочистува јетра?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy