
Затоа францускиот багет не изгледа униформно и совршено - еден е потемен, еден е поиспукан и не се точно исти до сантиметар. И тоа не се смета за недостаток туку за последица на свежото, рачно производство.
Сепак, има една работа на која посетителите, особено да речеме Американци - не се навикнати: Багетот има баш краток рок на траење. Може да се јаде некој ден подоцна, ама станува неподносливо тврд, па Французите го ставаат во други рецепти. Затоа и го купуваат често.
Колку сериозно се сфаќа свежиот леб покажува и една стара париска практика - во минатото, градските власти ги регулирале деновите кога пекарниците смееле да бидат затворени, за жителите да не останат без свеж леб. Денес звучи необично, но сепак, багетот во Франција е одамна повеќе од обичен прехрамбен производ.
До толку е важен што има свој закон.