„Па, веројатно. Не размислувам за тоа така,“ изјави тој.
„Во една од песните, Days We Left Behind, зборувам дека се запознавме на Фортлин Роуд, таму живеев во Ливерпул, и дека напишавме таен код кој не се изговара. Не чувствувам потреба да оддадам почит. Тој е еден другар - тип што сум го сретнал, со кој заедно пишувавме песни, па не чувствувам одговорност. Се надевам дека е одговорно.“
Кон последните месеци на бендот, имало проблеми околу менаџирањето што предизвикувале тензија меѓу Макартни и Ленон - Макартни сметал дека неговиот дедо му (таткото на жена му) Ли Истман е најдобар избор за Битлси, а останатите повеќе го сакале бизнисменот Ален Клајн кој ги преземал по смртта на Брајан Епстин во 1967.
Макартни инсистирал дека нема да работи со Клајн и тоа било проблем. На крај се распаднаа во 1970, делумно и поради проблемтичните менаџерски тактики на Клајн. Сепак, додава дека и покрај расправиите околу визијата, има добри спомени со Ленон и Харисон, „иако Џон ме напаѓаше често“.
„Во тој момент ме болеше, како да ме боде со ножиња цело време. Се нервирав, затоа што си викаш, морам са му вратам, што да правам? Но одеднаш сфатив дека тоа е Џон. Типот што го познавам од 16 години. Таков е. После тоа веќе не ме повредуваше, кога сфатив дека Џон си е Џон.

Од оваа дистанца, смета дека било важно да се смират.
„Имав среќа затоа што бевме одвоени заради проблеми со работа и слично, а и Џон на крај призна дека Клајн беше измамник, а јас страдав затоа што мислеа дека јас сум будалата и измамникот. Затоа кога излезе дека имав право, добро беше да се чуе, макар и неволно, Џон да каже „Мислам дека Пол имаше право.“