Како дизајнер, секогаш инсистирал прв да ги проба неговите креации. Многу од нив се чувале во текстилната фабрика што ја основал дедо му во гратчето Биела во 1881.
„Секогаш ја облекувам истата личност - себеси.“
Со стекнато искуство во производство на одлични материјали во текстилната фабрика на неговото семејство, Черути влегува во бизнисот за облека во доцните 1950-ти. Револуцијата ја носи со тоа што на машки и женски модели им вели да тргнат по писта во истите парчиња облека.
Во ’80-те стига до Холивуд и дизајнира за Џек Николсон, Мајкл Даглас, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Том Хенкс.
После години успешна работа на повеќе полиња (мода, парфеми, филм), во 2000-та продава 51% од акциите и се повлекува, иако не пропушта ревија и секогаш седи во прв ред.
Почина во болница во Италија од компликации при операција на колкот.