Запаметен е по екстраваганцата. Спојуваше елементи на СФ, холивудски гламур и драма што можеше да се најде само на Бродвеј. Целта му била да го одведе гледачот што е можно подалеку од реалноста. Има кажано,
„Светот е довлно суров. Има доволно грдо во реалниот живот, нема потреба да додаваме.“
Бисери од неговите интервјуа низ годините:
- Модата е филм. Секое утро кога се облекуваш, се режираш себеси.
- Понекогаш ме прашуваат: Која ти е дефиницијата за моќна жена? И јас велам, жена која е вистински слободна. Која ужива во себе и е среќна.
- Сакам моделите да ми бидат поголеми, посилни и повисоки од обичните смртници.
- Да се погледнат нештата во лице и да се прават избори што не се секогаш лесни е понекогаш болно и ти овозможува да растеш.
- Никогаш не кажувам дека сум моден дизајнер. Отсекогаш сум се чувствувал како режисер, а облеката што ја правам е режирање на секојдневието. Има жени со мали струкови и големи рамена, па не ми е претерано. Рамената се секогаш важни. Со танцот, научив за положбата на вратот и за начинот на кој треба да се стои.
- Правев облека затоа што барав нешто што не постои. Морав да пробам да креирам мој свет.
- Над сè, односот меѓу духот и телото станува појасен кога работиш на себе. Тогаш почнуваш да разбираш многу работи за животот, за луѓето и за себе.
- Немав проблем со мојата сексуалност или мојот идентитет. Имав проблем со семејството и проблем со светот. Се чувствував како да не припаѓам и бев многу мизерен. Бев балетан шест години и никој од моето семејство не дојде да ме види на сцена; јас бев грдото пајче што го напушташе театарот само. Веројатно бев премногу бизарен. Навечер гледав во небо и ја барав сината ѕвезда и знаев дека морам да издржам.
- Мислам дека ако работиш во оваа индустрија, треба да придонесеш со нешто конструктивно. Тоа е мојата филозофија. Затоа не гледам насилни филмови. Не ги разбирам хорор филмовите и сето тоа. Тоа е непочитување на жените што се убивани во реалниот живот. Но, во светот има и чудесни нешта, па ајде да зборуваме за чудесните нешта. Многу е потешко да се издигнеш над нештата, отколку што е да се валкаш во нив.
- Многу ме привлекува архитектурата и структурата на човечкото лице, па барам убавина од секаков тип, без разлика на географското потекло. Сакам да најдам вистински пример, или екстрем, за секој тип на убавина.