За префинетата жена со редок вкус, улицата Амброаз Тома не е само тивка, слепа уличка во Париз. На првиот кат, во стан број 7 се собираат следбеници заколнати во памучни кошули и кашмирни џемпери, во сред декор од апстрактна керамика и дрвен мебел. Ателјето на Кристасеја, брендот стар една деценија повеќе личи на стан отколку на продавница.
„Никој не те брза затоа што не се работи за продавница каде што некој нешто ти продава,“ вели Сара де Мавале, стилистка и со-основач на Skirt Chronicles, париски моден магазин. Можеш да дојдеш и само да пиеш чај и да ги допреш најневеројатните плетени парчиња.“
Од 2013, Кристасеја тивко и внимателно вади широки класики, како костуми и мантили. Доаѓаат не во форма на сезонски колекции, туку „изданија“ два пати годишно. Нудат и спремно-за-носење: накит, скулптури и предмети за по дома, често направени во соработка со занаетчии од Грција и Италија.
Сепак, Кристасеја значи повеќе од богатите италијански ткаенини и удобните силуети со силно јапонско влијание. Во ера што ја доминираат глобални луксузни брендови и дизајнери, нивната воздржаност и отфрлање на трендовите и традиционалните модели за продажба се речиси револуциоерни. Ова не е тип на бренд што ќе се потроши на рекламна кампања или ќе полни стоковни куќи. Ако не сте слушнале претходно за Кристасеја, тогаш така и било осмислено.
Брендот буди чувство на интимност, што главно се должи на сложното семејство зад него. Основачката, Кристина Касини и нејзиниот сопруг, фотографот Андреа Споторно го водат заедно, а изданијата се инспирирани од нивната италијанска култура и нивните патувања. Плетеното се произведува во фабриката на мајката на Касини во Реџо Емилија, а ткаенините се често рачно изработени.
Ако не сме чуле ние (досега), има кој чул - животната посветеност на класични модели, Софија Копола ја има доведено токму до Кристасеја, а ги следи и Рашида Џонс - со купени пижами, фустани, фармерки и дебели волнени џемпери.
„Кежуал е, на еден париски начин, што е многу поинаков од тој во Лос Анџелес - и кон тоа се стремам секогаш,“ вели Џонс, опишувајќи ја разликата како цврста самодоверба. „Во Лос Анџелес има многу перформанс во облекувањето. А во Кристасеја, не.“