Што му пиша Синатра на Џорџ Мајкл

Во едно интервју за ЛА Тајмс, Џорџ Мајкл го споделува разочарувањето од славата. Френк Синатра не е човек што стигнал да се разочара од славата.

Џорџ Мајкл во интервјуто вели:

„Сепак, сите сакаат да бидат ѕвезди. И јас сакав и напорно работев за тоа. Но бев мизерен и веќе не сакам да се чувствувам така.“

Дел од патот на Џорџ Мајкл до славата го има и во еден одличен документарец за Wham!, и таму главно се гледа амбицијата што ја имал и неговата предодреденост за соло кариера. Сепак, последниве години како да се освести светот колку е токсична таа индустрија, и колку понови генерации, толку позгрозени.

За старите, како генерацијата каде што припаѓа Синатра, сигурно имало разочарувања, ама по ништо не изгледа дека се на било кој начин тие разочарувања се должат на славата и богатството. Затоа и Френк Синатра после тоа интервју му пишува писмо на Џорџ Мајкл, велејќи му да олабави малку. Тоа веројатно се должи и на бенефитите што Синатра ги има почувствувано на своја кожа - од типот светот да му се клања и да склопува бракови со жени 29 години помлади од него. И да му проаѓа сељачење како ова.

Но, еве дел од писмото, кое е сепак занимливо срочено и некои работи држат вода:

„Не разбирам тип што живее во надежи дека ќе го намали товарот на славата. Ова е дете што сакало да биде поп-ѕвезда од седумгодишна возраст, како што вели. И сега кога е невиден изведувач и композитор на 27 години, сака да се откаже од тоа што тони талентирани деца низ светот би ја заклале баба им да го добијат - само еден ден со она од кое тој се жали.

Ајде бе, Џорџ. Олабави. Опушти се, човече. Исчисти си ги тие крилца и одбери си некоја месечина за слетување и биди благодарен што можеш да го носиш багажот што сите мораме да го носиме уште од тие ноќи поминати по автобуси и помагање на шоферот да ги истовари инструментите.

Талентот не смее да се фрла... Верувај ми, сум бил таму.“

20 октомври 2025 - 12:03