Оригиналната „глутница стаорци“ ја води Хамфри Богарт, а името го добила после еден нездрав викенд во Вегас.
На ова се сеќава синот на Богарт, Стивен:
„Мајка ми (Лорен Бекол) е таа што им го даде името. Приказната е дека Френк Синатра ги собрал Боги и Бекол и уште друштво и ги однел во Лас Вегас за отворањето на Ноел Кауард. Четири дена не седнале и беснееле, пиеле, играле, се журкале и се коцкале. И не спиеле, па изгледале ужасно. Четвртиот ден, мајка ми им рекла, како глутница стаорци сте.“
Втората приказна не е толку забавна.
По смртта на Богарт, Лорен Бекол почнала да се потпира на Френк Синатра, негов долгогодишен пријател кој почнал да ѝ се додворува. Наскоро започнале врска, што според кажувањата на Бекол била од старт оштетена затоа што била многу ранлива откако Богарт починал. Синатра бил каприциозен во неговата љубов и го опишува како „полн обожавање еден ден, а друг тотално отсутен.“ Патем, ако не сте знаеле, ова се вика љубовно бомбардирање, манипулативна техника е и го имавме тука.
Врската им завршила кратко откако ја побарал за жена. Според нејзините мемоари (Сама и уште малку), кога познајник ги „протекол“ вестите во медиумите, Синатра ја обвинил Бекол, на телефон ѝ рекол дека треба малку да се дистанцираат и после ја „гоустнал“ (ghosting - ненадеен прекин на секаков контакт со партнерот/ката без објаснување, што вклучува игнорирање пораки, јавувања и неодговарање на писма, Синатра е сељак).
Наскоро потоа налетала на него на некој настан:
„Имаше еден човек меѓу нас на вечера, но Френк се однесуваше како да не постојам. Еден збор не ми прозборе - ако гледаше накај мене, не ме гледаше, гледаше низ мене, како да ми е празно столчето,“ пишува таа. „Бев толку понижена, толку засрамена. Ништо не можеше да ми ја врати смислата за хумор - ме напушти таа вечер и ја немав некое време после тоа. Подобро ќе беше да ме плукне во лице, барем тоа ќе беше некакво препознавање.
Не може така да отфрлиш некого без дискусија. Бев толку шокирана, таков студен шамар беше тоа пред сите.“
Сепак, вели дека барем ѝ направил услуга:
„Ме спаси од катастрофален брак, каков што ќе беше нашиот. Вистината е дека веројатно беше попаметен од мене: Знаеше дека нема да функционира. Но, реално, се однесуваше ко тежок гомнар. Беше премногу кукавица за да ја каже вистината - премногу му беше и не можеше да се справи.“