Инвеститорите сè почесто гледаат шанса во трансформација на старите молови во станбени комплекси. Според податоците од почетокот на 2022 година, најмалку 192 американски молови планирале да вклучат станбени објекти во својата инфраструктура, а десетици такви проекти се веќе во тек во Калифорнија, Колорадо, Флорида, Аризона и Тексас.
Трендот не само што придонесува во битката со кризата за домување, туку создава и нова динамика - луѓето живеат поблиску до продавниците, рестораните и јавните простори што остануваат дел од овие некогаш класични шопинг-центри.
ГТЦ, се слушаме ли?