Освен тоа, се фокусирале на сензуално, наместо разголено. На фантазијата се остава многу, со покриени силуети, со повремен исклучок во вид на отворено деколте. Без да се истакнува очигледното, колекцијата одава мек впечаток, за разлика од претходните, и тоа не само поради текстурите што моделите ги лизгаа по писта. Целокупниот резултат се опишува со еден збор - леснотија, што баш и не е збор што често се поврзува со брендот.
„Едноставно кажано - верзија на славните модни денови од ’80-те и ’90-те, што не остава простор за чувство на вина, а зрачи со богатство и луксуз со кои на времето можеше да се гордееш наместо да се срамиш, и не можеше да се застане такси во Њујорк, без џиновска бунда како јасен, сарторијален депозит,“ коментира Осман Ахмед од ај.ди-вајс.