Приказната што ја смислија има наслов „Фендаче“ и во неа, Донатела Версаче се менува со местата на креативните водачи на Фенди, Ким Џонс и Силвија Вентурини-Фенди, за секоја страна да може да дизајнира и да создава иновации во име на другиот бренд. Резултатот е велелепна прослава на модата и моќта на соработката што ги вкрсти потписите и на Фенди и на Версаче.
„Ова е прв пат во историјата на модата: два дизајнери да имаат вистински креативен дијалог што потекнува од почит и пријателство,“ рече Донатела Версаче. „Тоа нѐ доведе до замена на улогите за да ги креираме овие две колекции.“
Забелешките за шоуто велат вака:
„Со комплетно отворени архиви, се случува уникатно вкрстено оплодување, со елементи од секоја куќа: во срцето на нештата останува длабокото воодушевување од кодот и културата на двете куќи и меѓусебното охрабрување на дизајнерите да бидат свои. Резултатите можеа да се постигнат само со фундаментална почит и реципрочна доверба. На крајот, во Фендаче се работи за потребата за искреност наместо стратегија во модата денес.“
Versace by Fendi колекцијата ја истражува идејата на дуалноста - главно видена во фузијата од иконичниот Фенди монограм со грчкиот мотив на Версаче. Комбинациите се креирани да менуваат форма, и многу парчиња беа со две лица или криеја нешто, со акцент на мултигенерациски дизајн.
Fendi by Versace колекцијата се зафати со панк-рок естетика, и очигледно е дека Донатела се фокусирала на „контаминација и дисрупција“. Безопасните на Версаче ги китеа класиците на Фенди во серија дизајнирана да дава еден младешки и бунтовен впечаток.
Ваква ситуација бараше и присуство на ѕвезди, па поканети беа сите модели од ’90-те кои извршија влијание на развојот на двата бренда. Не ги заборавија ни новите трендинг фаци, плус долгогодишни фанови како Деми Мур и Елизабет Харли.
Уште Фендаче: