„Најголема мотивација ми е да смислувам идеи што никогаш претходно не сум ги видела реализирани,“ изјавува таа од Фиренца каде што ѝ е ателјето. „Она што пробувам да го направам е да креирам нови форми со морфирање на телото, каде што имаме еден познат дел што добива ремикс.“
Има чевли како канџи, на пример, кои прават оној што ги носи да изгледа како наместо стапала да има огромни раце. Медиумот ѝ е глина бидејќи, „можам да креирам каква сакам форма со неа.“
На 19 се сели во Њујорк за да учи мода на Парсонс школата за дизајн, а една година подоцна се чувствува „заробено во нормативниот начин на работа со облека“ и се пријавува на колеџ за уметност и дизајн во Лондон каде што конечно чувствува поддршка за нејзиниот креативен процес.
На почетокот, нејзиниот креативен правец користи само стари материјали што не се продале, а сѐ се прави локално и во мали количини. Истакнува дека брендот не е 100-процентно „зелен“, забележувајќи дека се работи за проблем во индустријата, каде брендовите се етикетираат себеси како одржливи, а не се.
И кога ќе се загледа човек во парчињата што ги изработува, одма е појасна нејзината изјава:
„Модата не е толку сериозна, и затоа продолжувам да ја работам. Со секоја колекција е како да играм игра со нова играчка.“
Еве ја на Инста.