Секој ден ѝ ја подавале книгата, заедно со перниче за игли и игли, за да покаже што сака да носи тој ден. Кога ќе изберела, оделе носачи во трите огромни простории каде што ѝ стоела облеката, ги наоѓале според класификацијата, и со колички ги носеле кај неа.
Денес, книгата се наоѓа во Француската национална архива, и наводно сè уште се гледале дупките каде што боцкала со игла за да покаже што сака да носи. Претходниве години дури и успевале да најдат игли во штиците од подот о нејзината спална соба во Версај. Се смета дека најмногу сакала да носи пругасти и цветни ткаенини, каков што бил и трендот во нејзиното време. Има и забелешки покрај секој примерок, што го опишуваат стилот на фустанот - ‘grand paniers’, ‘anglais’, ‘turc’, ‘redingote’ и ‘levité’, за да се добие ментална слика за крајниот производ, а што се однесува до боите, знаеме дека сакала сино, темно виолетово и розево - нијанси што совршено одговарале со нејзината строубери-русокоса нијанса на косата и напудреното лице.
Антонија Фрејзер, авторката на биографијата Марија Антоанета од 2001во детали ја опишува Газет дез Атур:
„Секој аутфит е категоризиран и придружен од мало парче материјал. Има примероци од фустаните во различни нијанси на розево, парче со сиви линии и од тиркизно кадифе, спремни за Велигден. Но она што се забележува се парчињата за повообичаените комбинации, прикажани заедно на една страна во низа од бои, од бледо сиво и бледо сино до многу потемните нијанси на кафено и тегет, понекогаш со вез меѓу линиите. Има ознаки и за шивачите и трговците со материјали.“
Овие книги за гардероба воопшто не биле невообичаени за кралските семејства во Европа во тоа време. Друга ваква книга од 1792, што ѝ припаѓала на Мадам Елизабет, најмладата сестра на Луи 16, се чува во нејзината резиденција во Версај. Внатре примероците се со поедноставни дезени, од лесна свила и памук и за разлика од колекциите на Марија Антоанета, немало брокатни свили. Архиварите забележуваат дека нејзината книга е посредена од таа на кралицата, а од некоја причина немало ни игли.
Постојат и алтернативни теории за книгите за гардероба. Директорот на музејот на националната архива, Пјер Фурние мисли дека книгата може да била просто сметководствен документ, за верификација дека добавувачите ги донеле креациите на време.
Постоело и интензивно ривалство кај производителите на фини и деликатни материјали во Европа. Водела Франција, но со подемот на индустријата во Велика Британија подоцна во 18-от век, критериумот се извишил. Франција плаќала шпиони да надгледуваат и да известуваат што се случува во англиската текстилна индустрија (и да крадат и да праќаат примероци). Може само да се шпекулира дали Французите го правеле сето ова за да ја одржат нивната кралица на пиедесталот за водечка модна икона.
Крајот на приказната го знаеме: кралската fashionista Марија Антоанета на 37-годишна возраст, маршира надвор од својата ќелија во Консиержеријата, сместена во една палата од 14 век во Париз, додека набљудувачите ја пцујат од сите страни. Човек би помислил дека соочувањето со смртта би ѝ одвлекло внимание од опсесијата со мода, но не - облеката за жалост што ја носела откако е погубен нејзиниот сопруг веќе била уништена, но некако - знаејќи дека сака да остави конечен, и победнички моден впечаток - успеала да се појави во цел ансамбл од кошула, престилка, утрински фустан и шапка. Претходно ѝ ја ишишале цела коса (за која се зборува дека ѝ побелела преку ноќ во јуни, 1791) и таква, дотерана во бело, ја погубиле на гилотина во 1793.