Облекување „како маж“

Учиме историја за „мажествениот“ стил на женската мода. Во коментарите има бисер: Една жена ја прашува мајка ѝ, родена 1926, што толку било битно и страшно кога жените почнале да носат панталони. Одговорот е, „Затоа што одеа скроз до горе!“, што значи се гледало каде завршуваат нозете, а каде почнува... газ!

Има една книга од Eлизабетанската ера, 1500 и некоја во Англија, каде што авторот се изнапишувал што сè тој смета дека не е во ред со општеството. Многу јасно дека меѓу сите страшни престапи, стои и дека „жените им крадат од модата на мажите, како цел свет да има право на машка облека!“

Замислете го вие тој аутрејџ, толку неделлив од импулсот да се држи жената под чизма. Сепак, баш во тој век, се работи за „копирање“ на детали, не и за смеење да носиш панталони. Директното копирање доаѓа подоцна, но да се задржиме уште малку на, од прилика, тие сто години. За детали од крадење машка мода можеме да му се заблагодариме на уште еден „избезумен“ маж, кој во својот дневник, во 1666, запишува како е срамота што на јавање, жените горе се облекуваат слично со мажите, па да не се големите сукњи „човек не би ни правел разлика“ - брука, ќе признаеме, скоро еднаква по тежина со Големиот пожар во Лондон кој се случил истата година. Но, фала му, денес заради ова можеме да склопуваме историски коцки.

Уште еден престап? Им краделе и од штиклите на мажите. И од периките. Скандал. Но, објаснувањето за „маскулинизирање“ на женската облека е многу логично и така и се развива - од моментот кога им било дозволено на жените да учествуваат во разни физички активности, реакцијата била природна - облеката мора да се адаптира:

Види и: Панталоните како симбол на женските права

13 декември 2021 - 12:49