Законот кој бил донесен во 1799 си мирувал и покрај обидите да биде повлечен, делумно затоа што властите не го спроведувале и не го сметале за приоритет и затоа што бил француска „правна археологија“. Законодавците едноставно заборавиле дека уште го имаат. Иако комично апсурден, ова е сепак потсетник на многуте слободи кои денес ги земаме здраво за готово во нашето општество. Современите слободи на жените им нудат широк дијапазон на сарторијални избори, но забораваме дека нешто толку просто како правото да носиш панталони е една од најдебатираните теми на движењето за женски права.
Западните жени ги контролирале околу панталоните, но многу источни култури и општества не го делеле истото правило. Истражувачите проценуваат дека жените од централна Азија носеле панталони илјадници години и се на широко документирани од страна на посетителите од запад во Отоманската империја.
Има претпоставка дека желбата за панталони на жените им се појавила затоа што сакале да изгледаат „помалку женски“ во борбата за родова еднаквост. А според некои, ги виделе и Муслиманките во панталони.
Леди Мери Вортли Монтагу е еден редок историски пример на жена што имала можност и привилегија да патува во странство во Ерата на просветлувањето. Во 1716, отпатувала до Константинопол со нејзиниот сопруг кој бил британски амбасадор и се вљубила во турскиот стил на облекување и била една од првите Европјанки кои го документирале нивниот секојдневен живот во Отоманската империја.
Панталоните вде не биле модна ствар, туку практичност: во старата турска култура, машката и женската гардероба била речиси идентична во изглед, и двата пола биле навикнати на јавање на долги стази и унисекс облека се покажала како попрактична.
Типичните турски панталони ги викале (и ден денес така) - шалвари, долги и вреќасти, стегнати кај глуждовите. Леди Мери се вратила на запад со полн куфер облека што ја носеле муслиманките што ги сретнала и ја споделила со членови од нејзиниот друштвен круг, дури и позирала за портрети во облеката.
И покрај тоа што долгите сукњи биле норма за жените од запад, движењето за „Реформа во облекувањето“ се раширило низ Европа и Америка за време на Викторијанската ера - во овој период, жените отворено се залагале за нивното право на панталони. Еден популарен концепт потекнувал и од рационални аргументи - да им се дозволи заради практичности и удобност - сепак, панталоните дозволувале полесно движење и ги штителе нозете од ладно.
Амелија Џенкс Блумер, првата жена која поседувала, оперирала и уредувала весник за жени е пример за опресијата што во тоа време ја трпеле жените преку забраната за панталони. Смислила контроверзна верзија на женски панталони како што носеле жените од Блискиот исток и Централна Азија под краток фустан, сукња или елек, и ги промовирала во нејзиното списание.
Сѐ повеќе жени го прифатиле стилот, меѓу нив и истакнати лидери на движења за женски права како Елизабет Стентон, па наскоро општеството добило нов термин - Блумерски костим, или блумери.
Се разбира, фактот што блумерите сега на жените им овозможувале повеќе активности, како јавање и други форми на вежбање не било прифатено од огавната, за вили фатена јавност, особено не е од медицинската заедница, која расправала дека панталоните претставувале опасност за женската плодност. Така, жените што носеле блумери биле претставени како нечисти, морално-осиромашени, неплодни горопади.
Критиките, малтретирањето и понижувањето што го трпеле жените во блумери наскоро вродиле со плод - дури и Амелија Блумер се откажала од оваа мода во 1859, и отстапила место на новоизмислената кринолина, која ја сметала за „доволна реформа“. Новите сукњи биле полесни (и во тежина и за облекување), па брзо се заборавиле панталоните. „Дамското“ облекување се вратило, за да дојде фокусот на круцијални работи како правото на глас.
Ова не значи дека жените не облекле панталони во остатокот од 19-от век. За време на војните, и американски и европски, некои жени облекувале панталони додека работеле како медицински сестри, а ги имало и во војската. Некои од похрабрите и поамбициозните сфатиле дека можат повеќе да заработат или да добијат пристап до одредени професии ако се маскираат во маќи.
До почетокот на 20-от век, омекнал ставот кон жените во панталони, па на ред дошле активности како женски тенис, возење велосипед и слично. И понатаму, трендсетинг икони како Коко Шанел и Кетрин Хепберн помогнале панталоните да станат мејнстрим и да излезат на пазар во ’30-те.
Од еден извадок од Вог:
„Ако луѓето ве обвинуваат дека имитирате мажи, не обрнувајте внимание. Нашите нови панталони се мажествени во кројот, но жените ги направија целосно нивни со боите во кои ги нарачуваат и аксесоарите што ги додаваат.“
Советувале практичната, модерна жена да носи панталони цело време, освен ако не е „гостинка на некоја едвардовска реликвија со застарени сфаќања“.
Четириесеттите и Втората светска војна ги охрабруваат жените да носат панталони секојдневно, додека играле витална улога во воените напори. По војните, повторно се очекувало жените да го напуштат работното место и да гледаат деца по дома, па се случила промена назад кон фустаните и сукњите. За време на вториот феминистички бран во ’60-те и ’70-те, женските панталони конечно биле прифатени и неколку американски закони забраниле да им се одбива правото на вработените да носат панталони ако се жени. Во ’80-те доаѓа и женскиот костум, својствен за политичарки и жени на високи позиции. Денес не се размислува многу кога се облекуваат фармерки, хеланки, панталони и слично и лесно е да се заборави битката што се водела за нешто толку базично.
Затоа, следното облекување панталони (затоа што е многу можно во моментов да сте во пижами) нека ви текне - да не биле некои храбри жени од минатото, можеби уште ќе сме се пафтале во фустаништа на снегов.