Сеедно за што ќе се слуша Шер, ама овој пат е фино што можеме да ја слушаме како ги анализира комбинациите во кои се има појавувано низ историјата (за Шер не одговара само да кажеш „низ годините“).
Вог вели, секој аутфит кажува приказна, но особено е така кога Шер го носи. Ниедна друга славна личност немала толку модни појави вредни за наслови во весник како оваа холивудска легенда, која до ден денес успева да вади свежи иновации.