Сè почесто ја има во раце кај славни личности и се вика Bottega Veneta Padded Cassette Bag. Ни лого, ни мотив нема на неа, а сепак е неверојатно занаетчиство во прашање и зборува само за себе на начин на кој додатоците ретко можат.
Човек ќе помисли дека добро лого е од суштинска важност за успешен моден бренд. Инстантно препознатлива слика што буди интерес кај модно-освестените минувачи. Ако отворите било која апликација за препродажба, ќе видите дека додатоците од ‘90-те и ‘00-те со шлапнати логоа на нив се најпопуларни. Односно, ако веќе плаќате за мајсторски изведен аксесоар, сигурно би сакале сите да знаат колку е инвестирано, без да им треба лупа.
Но, италијанската луксузна модна куќа Ботега Венета веќе некое време не се замара со логоа. Уште од ‘70-те, слоганот им беше „твоите иницијали се доволни“. Колку е всушност возбудливо да си толку јак, само по иницијали да те препознаваат? Токму таа идеја и е рециклирана пред неколку месеци.
Кај меката касета-ташна, техниката на Ботега Венета најмногу се истакнува, можеби затоа што ткаењето е донесено до екстравагантни пропорции и секое парче кожа дава еден перница-ефект и чувство на поп-арт - како да е насликано во 3Д. Дури и кога виси на рамо на запрепастувачки убава поп-ѕвезда, очите пак ти патуваат кон неа.
Полароиди од архивите на Ботега Венета ја покажуваат нивната мала продавница во Виена во 1995, со зелената боја што дречи на камените ѕидови на зградата во која се наоѓа. Го врамува малиот излог со кожни парчиња, а името е испечатено на стаклото со златно. Денес ако ја посетите таа продавница, најновата апликација на Ботега ќе ја претвори во фантастична визија на фотографија, филм и модни писти, зборувајќи за културолошкиот импакт што го имаше брендот без да замара со логото, а фокусирајќи се на суптилноста врз која е изградена модната куќа.
Наводно, пред да се фарба таа продавница во Виена, ги ставале кожните парчиња во кеси за заштита од прав со истата таа нијанса. Сега меката ташна доаѓа и во таа боја и може да се користи како хрома за да се научи по нешто за безвременската мода на брендот. Овој микс од почит кон наследството и минатото, додека истовремено се користи оставштината на еден занает за да се оформи иднината, на Ботега им дава можност да постојат без да имаат потреба од лого.
Кодовите на Ботега се препознаваат од километри и тоа на брендот му дозволува да постои надвор од лого на маица и да живее во реалниот свет.