Во ред, вештачки се, но и покрај тоа што колекцијата беше реално одлична и доста блиску до естетиката на основачката на брендот, надреалист и другарка на Салвадор Дали - Елса Скиапарели, луѓето се прашуваат дали има место за егзотични животни на облека, макар и вештачки, во 2023?
Диет_Прада вели,
„Кодовите на Елса Скиапарели се некои од најсилните и најрелевантни во индустријата денес и константно ги ажурира и проширува Роузбери. Неколку корсети им ги криеја градите на моделите како оклопи, а сепак успеваа да доловат претерана и сензуална силуета.
И историјата со нареализмот беше прикажана, во парчињата инспирирани од Пеколот на Данте, како лавот што го носеше Кајли Џенер во првите редови. Без разлика дали глетката ви се допаѓа или ве збеснува, тешко е да се одрече мајсторството.“
Следачите и модните ентузијасти не се баш најсреќни. Да, не се одрекува мајсторлакот, ама Диет_Прада се обесувале на трепки за многу помалку контроверзни теми, просто е неочекувано што вака лајт ги пуштија од Скиапарели да се шетаат со врвно-реалистични глави од животни.
Сепак, еден коментар на профилот треба да се земе предвид:
„Лажно крзно е, тоа е целата поента. Да се субвертира идејата на носење вистинско крзно и да се направи шега од идејата дека некогаш сме мислеле дека тоа е прифатливо. Во најлош случај - прекрасно се изработени, многу реалистични мечиња-играчки. Зошто се луѓето толку чудни по ова прашање? Сериозно не ја разбирате референцата или сите сте толку навикнати веднаш да се фаќате на кое и да е оро што ќе помине и не поминувате ни секунда во размислување за концептот? Се разбира дека Скиапарели не сака да почне тренд со носење животни. 2023 е и зборуваме за бренд што прави фустани со златни брадавици.“