Елса Скиапарели и Салвадор Дали се пионери во повеќе наврати. Скиапарели прва дизајнира комбинезон. Дали прв прави уметничко видео. Таа ги воведува ревиите режирани по музика. Тој го воведува првиот уметнички холограм.
Нивната прва соработка е принт од исечоци од весници со пресови на Скиапарели во 1935-та. Овие двајца се многу повеќе од блесави бркови и капа во вид на кондура - го изменија курсот на уметноста и модата во 20 век. Како пример: оклу 80 години откако Дали и Скиапарели заедно правеа уметничко-модни проекти, Луј Витон почнува да соработува со Џеф Кунс, а Келвин Клајн со фондацијата Енди Ворхол. И што е најинтересно, миксот од евтини и скапи материјали и мултмедијалниот промотивен материјал е сè уште во употреба кај дизајнерите денес.
Изложбата ќе биде поделена во тематски оддели кои ги истакнуваат паралелите и поклопувањата на световите на Дали и Скиапарели. И двајцата почнале анонимно: Нему му го дале името на првиот, починат син на неговите родители, а нејзе и го дала името некоја дадилка затоа што на нејзините не им текнувало женско име (се надевале дека ќе родат машко.
Се запознале во Париз во раните ’30-ти, двајцата ги интересирал класицизмот и двајцата биле мајстори на својата техника. Списокот на нивните соработки е долг, од најизненадувачките и најневеројатни парчиња облека, до нејзиното барање тој да и дизајнира шишиња за парфем, а тој од неа побарал да му ги толкува чудните женски форми во Tear Dress и Skeleton Dress.
Во основата на нивната работа има една идеолошка мисија да се создаде нешто ново. И двајцата длабоко верувале дека нивната работа со уметноста, модата, филмот, маркетингот, танцот – што и да е – е во служба на нивната потрага по ново и невидено.
Ако случајно се најдете во Сен Питерсбург, Флорида, до 18 Јануари, ова може да се види во Музејот на Дали.