Модни лекции од Хрватска и Португалија

Е, не е саде Париз, точно. Јутјуберка конечно се сели во Европа и после 4 месеци живот, има научено фини модни филозофии.

Нејзините родители се Италијани, и таа се раководи според концептот „ла бела фигура“ - идејата да се дотеруваш убаво од почит кон себе и кон другите. Но, Аурора од Хрватска ѝ посочува нешто што нејзе и е ново, а нам блиско - дотерувањето за на кафе е многу голема работа во повеќето урбани центри на Хрватска. На влогеркава - Алиса ѝ е откровение: зборот е шпица, а значењето е познато - во рандом ден како вторник, во сред работно време, кафичите вријат од народ - и сите се прекрасно дотерани.

Не мора ни да биде нешто скапо или премногу внимателно избрано - да излезеш и да си среден може да има многу позитивен импакт на целиот ден.

Модата е филозофија:

 

21 јули 2022 - 13:38